Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ: Луѓето ми се јавуваа во два часот по полноќ, ме малтретираа и ми се закануваа

МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ: Луѓето ми се јавуваа во два часот по полноќ, ме малтретираа и ми се закануваа

Мајката на убиената Данка Илиќ од Бор во Србија проговори за гласините дека заминала во Германија. 

Таа додава дека е шокирана и разочарана од приказните на жителите на Бор кои „шират лаги дека заминала во Германија“.

„Не отидов никаде, тука сум. Луѓето ми се јавуваа во два часот по полноќ и ме малтретираа и ми се закануваа, морав неколку пати да го сменам бројот“, вели мајката на убиеното девојче. 

Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ ја удриле малата Данка Илиќ со автомобил на 26 март, а потоа едниот од нив ја задавил и ја фрлиле на депонија. Тие го преместувале телото на детето и тоа до ден денес не е најдено. 

Слично

Поврзани вести