Мајката која си го тресна детето од земја е во притвор
По поднесената кривична пријава во МВР за физичко малтретирање на сопственото дете на А.Х.(30) по предлог на јавен обвинител и е одредена мерка на претпазливост со притвор од 30 дена.
Осомничената се расправала со нејзината свекрва и потоа почнала физички да го малтретира нејзиното 19 месечно дете, удирајќи го со раце по главата и по телото, а во еден момент го кренала високо и го треснало од земја.
Настанот го забележал случаен минувач кој пријавил во МВР, по што од страна на полициски службеници веднаш било излезено на местото и известена службата за итна медицинска помош, бидејќи било проценето дека детенцето не е во добра здравствена состојба.
По укажаната медицинска помош детето било пренесено на Детската клиника во Клинички центар „Мајка Тереза“, каде што било примено и задржано за натамошно лекување, по што подоцна било пренесено на Клиниката за неврохирургија каде му биле извршени потребните медицински испитувања, при што од страна на лекар специјалист неврохирург било констатирано дека детето има нагмечување на главата и потрес на мозокот.
Слично
