MAJКА ЗА МАСАКРОТ: Мојот син легнал до својот починат пријател и се преправал дека е мртов
Страшни сведоштва раскажаа учениците кои го преживеале нападот кој денеска се случи во училиште во Белград.
„Легнав до мојот мртов пријател. И јас се преправав дека сум мртов. Така се спасив“, вели еден ученик, чии зборови мајка му ги пренесе за „Телеграф“.
Таа објасни дека напаѓачот бил пријател на нејзиниот син.
„Минатата недела мојот син го прослави роденденот и тој беше на забавата. Немаше индикации дека ќе направи нешто толку страшно. Никогаш не бил насилен. Мојот син е во шок“, рече таа.
Другарите на момчето се запрепастени од она што тој го стори.
„Мојот син беше во училницата кога К.К. отворил оган врз нив. Од сигурна смрт се спасил кога во моментот на пукањето легнал покрај својот починат пријател. Легнал до него и се преправал дека е мртов. Во моментот кога повеќе не ги слушнал истрелите, во крв скокна од прозорецот и си заминал дома, каде ми рече: „Ги уби сите, сите!“, раскажала мајката на студентот кој преживеал.
Момчето уби 9 луѓе, меѓу кои е стражарот во училиштето и деца, а повреди уште шест луѓе, ученици и професорката по историја која му пишала единица. Србија не паметни ваква трагедија. Српските медиуми денеска потсетија за слични масакри кои се случиле во училишта во САД, Русија и други земји во минатото.фото: тв прва/принтскрин/ EPA-EFE/ANDREJ CUKIC
