Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мајка и 4-годишно дете – жртви во вчерашната страшна несреќа

Мајка и 4-годишно дете – жртви во вчерашната страшна несреќа

Жена и 4 – годишно дете се жртвите во сообраќајната несреќа што вчера околу 18.45 часот се случи на автопатот Неготино-Скопје, поточно на два километри пред наплатна станица „Градско“.

Како што информираат од МВР, до сообраќајната несреќа дошло откако патнички автомобил марка „Мазда 3“ со скопски регистерски ознаки сопственост и управуван од Г.С.(33) од Скопје удрил во застанато товарно возило марка „Мерцедес Атего“ со скопски регистерски ознаки управувано од В.К.(65) од Скопје, кое предходно удрило во застанато товарно возило марка „Мерцедес Кесон“ со скопски регистерски ознаки управувано од С.М.(44) од Скопје.

Во несреќата од здобиените повреди на местото на настанот починале сопатничката Василка С.(34) и 4-годишно дете сопатник и двајцата од Скопје.

Извршен е увид на од страна на Јавен Обвинител и увидна екипа од СВР Велес. По наредба на Јавен Обвинител телата на починатите се предадени на семејството.

Слично

Поврзани вести