Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мајк Зафировски доби македонско државјанство од претседателот

Мајк Зафировски доби македонско државјанство од претседателот

Светски познатиот бизнисмен и иселеник во САД, Мајк Зафировски, денеска доби македонско државјанство кое му го врачи претседателот Стево Пендаровски.

„На средбата со Мајк Зафировски, ко-основач на „Македонија 2025“ и претставници на организацијата разговаравме за заклучоците и првичните реакции од 11-то издание на самитот на „Macedonia2025“. 

Изразив благодарност за нивниот ангажман и за придонесот кон македонската економија, поттикнувајќи нови генерации на бизнис лидери, неопходни за развојот и иднината на Северна Македонија. На средбата му го врачив македонското државјанство на Мајк Зафировски, успешен светски бизнисмен, со македонско потекло кој живее и работи во САД“, објави шефот на државата.


Слично

Поврзани вести