Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маја Парнарџиева Змејкова повторно на раководна позиција во ФЗО

Маја Парнарџиева Змејкова повторно на раководна позиција во ФЗО

Во Фондот за здравствено осигурување се враќа Маја Парнарџиева Змејкова и тоа повторно на раководна позиција.

Доцна синоќа на седница на Владата како што дознава „Утрински“ бил прифатен предлогот Парнарџиева Змејкова по девет месеци пауза повторно да раководи со здравствената каса. Во директрорската фотелја, најверојатно таа ќе седне од понеделник. Досега со Фондот и тоа како в.д. директор, раководеше Јован Грповски, кој како советник работеше во Мнистерството за здравство. Пред девет месеци на нејзино барање Парнарџиева Змејкова се откажа од раководната функција во Фондот заради породилното отустство. По ова се вртеа информации дека ќе биде асистент на Економскиот факултет и дека ќе се повлече целосно од секторот здравството. Стручњаците, но и пациентите за Парнарџиева Змејкова велеа дека е штетата за Фондот да си замине професиналец од висок ранг. Во нејзиниот претходен мандат се случија повеќе реформи во овој сектор како намалување на рефертните цени на многу лекови и до 50 отсто, беше воспоставен ред во дијализата, а се зафати да ја среди и транспланатацијата, пишува „Утрински“.

Слично

Поврзани вести