Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маја Геровска Митев: Повеќе од половина од многудетните семејства живеат во сиромшатија

Маја Геровска Митев: Повеќе од половина од многудетните семејства живеат во сиромшатија

Стапката на сиромаштија е намалена минатата година, па во апсолутни бројки сега има 14.000  лица помалку кои се соочуваат со ризикот од сиромаштија, вели за Фактор проф. д-р Маја Геровска Митев oд Филозофски Факултет.  Митев додава дека сепак алармантно е тоа што  стапката на сиромаштија е зголемена токму кај многудетните семсјтва и самохраните родители.

Најновите статистички податоци за 2015 година покажуваат дека со ризикот од сиромаштија се соочиле 14.000 лица помалку, споредено со претходната 2014 година. Потребно е подетално истражување да се види што придонело за ова намалување, особено ако се има предвид дека во Македонија 9% од вработените живеат во ризик од сиромаштија.

Додека ова намалување е охрабрувачко, секако не е доволно. Имено, алармантно е што кај два типа на домаќинства – оние со три и повеќе деца и кај самохраните родители има зголемување на стапката на сиромаштија споредено со претходна година.  Во таа смисла, се покажува дека фактори кои придонесуваат за поголема стапка на сиромаштија во Македонија се прво повеќедетноста кај домаќинствата и потоа еднородителството.

Исто така, согледано според возасни групи, со највисок ризик од сиромаштија, кој е повисок и од националниот просек, се соочуваат децата од 0 до 17 години. Високата стапка на сиромаштија кај децата говори за дефицит во инвестирањето за човеков развој, за проблемите со кои ќе се соочи државата во иднина од аспект на економски, образовен и социјален потенцијал.

Најновите статистички состојби за приходната сиромаштија во Македонија треба да претставуваат сериозен индикатор за ефективноста и полезноста од одредени социјални трансфери. Еден од оние кои треба итно и сериозно да се преиспита е родителскиот додаток за трето дете. Статистичките состојби говорат дека повеќе од половина од домаќинствата во Македонија кои имаат три и повеќе деца живеат во сиромаштија, односно живеат со помалку од 6500 денари месечно. Тоа значи дека тие не го користат родителскиот додаток (чија висина изнесува 8300 денари). Притоа, овој додаток го користат околу 22.000 родители чија висина на приход не е земена во предвид. Ваквата неурамнотеженост на социјалните трансфери мора да се корегира преку профилирање на ранливоста,  односно приоритет треба да имаат најранливите домаќинства со деца.


Слично

Поврзани вести