Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мај – најтежок, декември – најдобар месец за македонската индустрија

Мај – најтежок, декември – најдобар месец за македонската индустрија
Пораст на индустриското производство за 3,2 проценти во 2013-та година, во споредба со претходната 2012-та, регистрираше  статистикатa. Но, на македонската индустрија не и одеше подеднакво добро во текот на целата измината година. Статистичките податоци покажуваат дека најголем дел од растот на македонската индустрија се должи на позитивните резултати остварени пред самиот крај во декември минатата година. Тогаш индустриското производство пораснало за дури 9,5 проценти во споредба со истиот месец во 2012-та. Најлоши се резултатите за мај 2013-та, кога индустриското производство се намалило за 2,8 проценти во споредба со мај 2012-та. Вака се движело индустриското производство по месеци минатата година, споредено со истите месеци од претходната година: Јануари:     - 1,3% Февруари:    +4.5 Март:             +4.2% Април:          +4.0% Мај:                -2,8% Јуни:             +1,9% Јули:             +3,9% Август:          -1,2% Септември:  +5,1% Октомври:    +6,9% Ноември:      +3,1% Декември:    +9,5% Статистичките податоци покажуваат дека најголем дел од растот се должи на позитивните трендови пред крајот на годината. Бизнисмените очекуваат темпото да се одржи и годинава. „Може слободно да кажеме дека индустриското производство излезе од една фаза на негатива и фаза на стагнација. Меѓутоа, сепак, треба да бидеме претпазливи за да оствариме вакви позитивни резултати и во следната година“, изјави за МИА извршниот директор на Сојузот на стопански комори на Македонија Митко Алексов.
Слично

Поврзани вести