Економија, финансии, бизнис

Контакт

Mаица „СЈО“ Милевски му подари на Вељаноски

Mаица „СЈО“ Милевски му подари на Вељаноски

Лидерот на ЛДП и пратеник, Горан Милевски, на вчерашната собраниска седница му подари на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, маица со знакот на Специјалното јавно обвинителство.

„Не навредивте и ни кажавте дека не сме ги менувале маиците на Шарената револуција па сме се засмрделе. Јас денеска ви купив маичка, но не со боите на Шарената револуција бидејќи вие тоа не го заслужувате, туку со знакот на Специјалното јавно обвинителство. Вие сте еден од аболицираните политичари, обвинет за криминал па ќе ви ја подарам и би било добро кога ќе одите на распит во Обвинителството да ја облечете. Има разлика меѓу чесните и аболицираните политичари, чесните дома си ги перат своите маици, а аболицираните кажуваат дека секој ден ги менуваат костимите“ - рече Милевски.

Вељановски веднаш му одговори дека во корпата има место и таму ќе ја смести маицата со знакот на СЈО.

Слично

Поврзани вести