МАГЛИВОСТА НА РЕФОРМИТЕ: Од екстерно до државен испит!
Последните изјави на надлежните дека, наместо механизам за екстерно тестирање на студентите се предвидува воведување на државни испити, означуваат блага промена во нивниот дискурс. Од Студентскиот пленум велат дека новиот предлог за екстерна проверка неможе поинаку да се разбере освен како тактизирање во намерата да се воведе проблематичниот механизам.
Андреј Јованчевски-член на Студентскиот пленум, вели дека студентите од своите почетоци до овој момент бескомпромисно ја вардат чистотата на својот статус. Зад нив,потенцира, нема политичка партија, невладина организација или државна институција која воопшто би можела да се наметне како ментор или лидер на независното студентско движење, не само бидејќи енергијата од којашто Пленумот се роди е чиста и ослободена од таквите влијанија, туку и поради самата негова хоризонтално поставена структура, која не дозволува поединци или мали групи да се наметнат како спроводници на екстерни агенди, а најмалку партиски.
“Од влијанитето на политичките партии Студентскиот пленум повеќепати јасно и јавно се огради. Студентскиот пленум ја отелотворува идејата за непосредна демократија или, ако сакате, диктатура на студентскиот и научниот интерес и не постои елементарна, структурна основа која овозможува нарушување на овој темелен принцип на неговото функционирање”-вели Андреј Јованчевски-член на Студентскиот пленум.
Пленумот е вели Јованчевски, студентска иницијатива која не се потчинува на политичката волја на надворешни структури и застанува единствено во одбрана на интересите на студентите и на универзитетот. Ова автентично студентско движење, според него, функционира по принцип на пленарно дискутирање за студентските проблеми, права и обрврски, здружено и транспарентно преиспитување на правилата и институционалните мерки што ги засегаат и солидарно спротивставување на политиките кои го загрозуваат нивниот општествен статус.
Досега, додава Јованчевски, магливоста на реформите во подготовка покриваше поголема површина, бидејќи Министерот за образование најави воведување на механизам за екстерна евалуација на високото образование, но ги употребуваше термините “екстерно тестирање” и “државен испит” наизменично, па никому не му беше јасно за каква замисла всушност се работи. Сепак,вели, со терминот “екстерно тестирање” се служеа речиси сите претставници на државните инстутуции кои што зборуваа за реформата, а “државен испит” е веројатно конечното име што надлежните го доделија на својата идеја, но контурите на истата сè уште не се јасно исцртани.
Едноставно, додава, се поаѓа од претпоставката дека мотивацијата на студентите да му се спротивстават на иститот, произлегува единствено од нивната исплашеност дека екстерната проверка ќе ги обележи како неподобни. Се разбира, според него, претпоставката е погрешна и со самото тоа „амнестијата” на актуелните студенти не ја ослабува и делигитимира нивната борба против обидите за репресија на универзитетските и студентските права и слободи од страна на државата.
Дополнително, според него, важно е да се нагласи дека сферата на политичкото дејстување не се исцрпува и ограничува во рамките на идеологијата и активностите на политичките партии. Политичко делување, всушност,вели е секој индивидуален или групен, организиран или спонатан, формален или неформален чин кој се однесува на општествените односи, кои може да се набљудуваат и како проекција на економските односи.

“ Уставно загарантираните права и научните околности еднакво ќе важат и за идните студенти, а наша обврска е да нив доследно да ги сочуваме. Впрочем, на најавата дека екстерната проверка нема да биде ретроактивна, Студентскиот пленум веќе одговори со прашање дали во нејзиниот поттекст е скриена надеж за сервилноста на идните генерации или резигнираност во однос на знаењата на сегашните. И во едниот и во другиот случај, таквата надеж е навредлива”-вели Андреј Јованчевски од Студентскиот пленум.Јавна дебата отворена за “јавноста”! Најважно е според студентите да се започне со аргументирана дебата за импликациите на овие, минатите и идните реформи врз квалитетот на високото образование, универзитетската автономија и студентскиот статус. Оваа дебата, сметаат дека треба да ги вклучи надлежните државни и универзитетски институции, професорите и студентите,треба да се одвива во рамките на универзитетите и да е отворена за јавноста. Истата сеуште не е реализирана поради културата на еднострано одлучување, но Студентскиот пленум планира наскоро да ја иницира.
“Единствено со сериозна анализа на сегашната состојба на високото образование, со компаративен пристап кон академските околности, а не единствено кон механизмите за оценување на нашата и други земји и со прецизно формулирани ставови за оправданоста на сопствените предлози, истата може да ги заслужи епитетите релевантна и валидна ”-подвлекуваат од Студентскиот пленум.Има ли реална потреба од нови механизми за дополнителна проверка?! Во интерес на дебатата, која патем треба конечно да започне во рамките на универзитетите, според Студентскиот пленум би било добро надлежните да ја објаснат пред сè реалната потреба од воведување на оваа мерка и аналитички да го објаснат начинот на кој истата ќе се справи со посочените проблеми.
“Мое лично мислење е дека “државниот испит” ќе има негативен одраз врз квалитетот на високото образование, бидејќи наместо да поттикне култура на истражување и стекнување на дополнителни знаења, тој конзервира одреден корпус сознанија и промовира култура на константно контролирање и санкционирање, која е погубна за науката”-вели Андреј Јованчевски од Студентскиот пленум.
Дополнително, според него, важно е да се нагласи дека сферата на политичкото дејстување не се исцрпува и ограничува во рамките на идеологијата и активностите на политичките партии. Политичко делување, всушност,вели е секој индивидуален или групен, организиран или спонатан, формален или неформален чин кој се однесува на општествените односи, кои може да се набљудуваат и како проекција на економските односи.
Тоа практично значи дека сето она што го засега мојот поединечен однос со другите поединци, со социјалните групи, со државните институции или мојот партиципативен однос како дел од групи, структури или движења со други поединци, групи, структури или движења ме прави политички субјект. Никој нема основа да тврди дека единствено политичките партии се платформа за политичко делување, ниту дека постои форма на организирање која има примат на политичкото. Затоа студентските пленарни собири, барањето Универзитетскиот сенат да ги разгледа студентските барања и Студентскиот марш од 17 ноември претставуваат почитички акти, но истите не треба погрешно да се идентификуваат со партиските политики или симболи. Студентите имаат потполно право, според мене имаат и насушна потреба, да се ангажираат политички, останувајќи истовремено независни од партиските агенди”-додава Јованчевски.Резимирано! Студентите се специфична социјална група која – во зависност од полето на научен интерес, директно или индиректно ги одржува, преиспитува и развива односите во заедницата. Студентите, велат од пленумот овозможуваат да се сочуваат плодовите на науката, кои го одредуваат или предизвикуваат општественото устројство и степенот на неговиот развој, но и да се родат нови, кои ќе го приближат општеството кон неговата идеална состојба. Студентите се потенцираат, многу повеќе од ученици- тие се и истражувачи! Тие осветлуваат нови агли на човековото сознание, но ја разголуваат и човековата глупавост. Студентите не смеат да дозволат страните во односот воспитувач-воспитаник да се фиксираат и да добијат статус на класи. Доколку воспитувачот греши студентот има право и обврска да биде непослушен. Слободата на науката, пак, е вредност која студентот треба да ја брани од сите поединци и структури кои пробуваат да ја загрозат. Самиот општествен статус ги обврзува студентите да бидат гарда на мудроста и штит пред неразумноста. Но студентите не смеат да останат отуѓени еден од друг и од предметот на нивен интерес, туку мораат да се организираат. Од таа причина велат, се роди и Студентскиот пленум кој е платформа на која никој не е повикан да се потчини или да се наметне, туку сите студенти се повикани здружено и солидарно да разменуваат искуства, да спротивставуваат мислења, да ги бранат и унапредуваат своите права и слободи и да реагираат кога нивните интереси се загрозени или предизвикани од страна на било кој политички субјект. А, тоа нагласуваат студентите е во интерес на напредокот, а не стагнацијата на науката, на слободата, а не резервираноста на изразувањето, на независноста, а не “ропството “ на политичката мисла. С.Б.
Слично