Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАГИЧЕН СТАП ИЛИ САМО СТАП: Што враќа Ван Хауте од центарот на Европа?

МАГИЧЕН СТАП ИЛИ САМО СТАП: Што враќа Ван Хауте од центарот на Европа?
Што ќе донесе Питер Ван Хауте од Брисел? Познавачите на европската проблематика сметаат дека Ван Хауте ќе се врати во Скопје со прилично точни информации за тоа што ја очекува Македонија во европскиот извештај за напредокот. Тоа треба да му послужи на олеснувачот како момент за откочување на преговорите. Ако со информациите што ќе ги донесе успее да го убеди Груевски да попушти во делот за министер за МВР (клучна точка на сопнување) тогаш мисијата ќе биде успешна а преговорите ќе финишираат во неколку дена. Како што се очекува ако нема договор, ЕУ нема да даде препорака за Македонија за почнување на преговори, туку ќе постави услов, дека препораката ќе се активира (нешто слично како за приемот во НАТО), тогаш кога ќе финишира исполнувањето на Пржинскиот договор. Со таа порака ЕУ потсетува дека сепак, нема намера да ја остави Македонија и нејзините политички елити сами да ја решаваат кризата (зошто знае дека нема никогаш да ја решат) туку дека ќе бидат под постојана присмотра. Инаку самиот олеснувач навести тешки денови за Македонија, ако нема договор, ставајќи ја состојбата во земјава со онаа во Белорусија. Според Ван Хауте не се исклучени и санкции за клучните политички фигури доколку и натаму се бега од договор.
Слично

Поврзани вести