МАГАЦИН НА „ФРИКОМ“ ИЗГОРЕ ВО ПОЖАРОТ ВО ВИЗБЕГОВО: Испораките се прекинати, се проценува штетата
Пожарот кој вчера дивееше во општина Чучер Сандево го зафати и магацинот на Фриком, кој е дистрибутивен центар задолжен за цела Македонија.
Според инфорамциите од компанијата, нема повредени и тоа е најважно.
„Најважно за нас е што ниту еден од вработените и луѓето што учествуваа во гасењето на пожарот не е повреден. Нашите тимови веќе работат на проценка на состојбата и реорганизирање на плановите за поскоро да обезбедиме непречена дистрибуција“, информираа од компанијата.
Инаку, како што информираа оттаму, прекинати се испораките и активностите и се работи на брзо воспоставување на непречена дистрибуција. Испораките во моментов се прекинати.
Слично
