Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мафијашка пресметка во Атина - Разрешетан „бос“ со калашников

Мафијашка пресметка во Атина - Разрешетан „бос“ со калашников

Грчката јавност ја потресе нов иницидент во атинското подземје, откако со калашников е разрешетан Василис Стефанакос, кој се смета за еден од најголемите мафијашки босови.

Тој е застрелан со 20 куршуми во Хајдари, во близина на Атина пред канцелариите на неговата компанија.

Околу 19 часот, двајца мажи со мотор во егзекуторски стил пукале кон неговиот автомобил со автоматска пушка, а потоа избегале.

Мобилизирана беше и грчката полиција во потрага по сторителите. 

Против Стефанакос се водеа повеќе истражни постапки за тешки кривични дела, а повеќе пати е осудуван.

Слично

Поврзани вести