Мафијаш ликвидиран со снајпер во црногорски затвор
Осудениот криминалец Далибор Ѓуриќ како на мафијашките филмови е ликвидиран со снајперска пушка додека бил на прошетка во отворениот дел на затворот во Котор. Стражарите веднаш повикале брза помош но, затвореникот им подлегнал на раните.

Во близина на затворот е пронајден автомобил со италијански регистарски таблички со кој полицијата претпоставува дека дошле напаѓачите па се бараат отпечатоци и се вршат балистички испитувања. Ѓуриќ бил дел од т.н. „Шкаљарска група“ која води црни бизниси во Котор, Црна Гора со шверц на дрога и оружје, а е во војна со конкурентска мафијашка група.
Слично
