Маехара:На Јапонија и се заканува рецесија
Јапонскиот министер за финансии Сеиџи Маехара не ја исклучува можноста дека економијата на земјата оди кон рецесија.
„Не можам да ја одречам можноста дека економијата на земјата може да навлезе во рецесија“, изјави министерот откако беа објавувени финансиските показатели на земјата за третото тримесечје од годинава.
БДП-то на Јапонија во третото тримесечје е намалено за 3,5%, односно за 0,9% споредено со второто тримесечје на 2012-та.
Слично
