„МАЕ“ предвидува пад на нафтените цени
Меѓународната агенција за енергетика соопшти дека цените на нафтата на светскиот пазар ќе паднат уште, бидејќи нема знаци за намалување на производството на „црното злато“ во САД.
Во месечниот извештај агенцијата забележува дека стабилизирањето на цените во последно време е „несигурно“. Експертите сметаат дека цената на нафтата ќе продолжи да паѓа поради вишокот на понудата и растот на резервите.
За 1,3 милиони барели дневно порасна глобалниот однос во споредба со минатиот февруари и достигна 94 милиони барели дневно. Растот на производството е забрзано во земјите кои не се членки во ОПЕК, нивниот дневен однос е зголемен за 1.4 милиони барели во однос минатиот февруари.
Производството на нафта во земјите од ОПЕК е намалено за 90 илјади барели во февруари до 30,22 милиони барели. Намаленото производство во Ирак и Либија е поради поместување од зголемените испораки од Саудиска Арабија, Иран и Ангола.
Денес цената на нафтата падна по објавувањето на извештајот. Барел сурова нафта од типот „брент“ се продава за 56,49 долари, пад за околу половина долар, а американскиот репер „WTI“ поевтини за 1,5 долари на 46 долари.
