Економија, финансии, бизнис

Контакт

“Made in USA” се враќа во мода

“Made in USA” се враќа во мода
Брендот  "Made in USA" повторно е во мода, откако бројот на работни места во индустријата, кои се враќаат од странство или се создаваат за прв пат од странски фирми погоди рекордно ниво, пишува MarketWatch, цитирајќи истражување на Reshoring Initiative. 60 илјади позиции во индустријата биле создаддени во 2014 година во САД на тој начин нспроти само 13 илјади во 2003 година. Тоа е преку враќање на работни места дома од американски компании или преку директни странски инвестиции во кои странски компании го селат производството во САД. За споредба, минатата година 50 илјади работни места биле извезени од САД - пад од 150 илјади во 2003 година. Така минатата година имаме нето вратени 10 илјади работни места, што е првото нето зголемување од над 20 години. Голем катализатор за тренд се зголемените плати во земјите со традиционално ниски примања, како Кина, на пример. Исто така, за да се соочат со пребарувањето компаниите се повеќе сакаат да ги произведуваат производите поблиску до нивните корисници. Така може да реагираат побрзо со снабдувањето, а и да штедат на транспортни трошоци и давачки. Проблемите со еколошките норми, квалитетот на производот и различни инциденти во странство, исто така се меѓу факторите, како и релативно квалификуваната работна сила во САД. Всушност меѓу десетте топ извозни економии САД и отстапуваат единствено на Кина по конкурентност на трошоците според BCG, бидејки недвижностите и цената на енергијата ги намалуваат трошоците на производство во земјата. Патриотизмот на потрошувачите и извршување на позитивен корпоративниот имиџ преку поддршка на американската економија се уште еден фактор за компаниите да ги враќаат работните места од странство. К.К.                  
Слично

Поврзани вести