Економија, финансии, бизнис

Контакт

MADE IN MACEDONIA: Фирма со основачки влог од 5.000 евра плати 300.000 евра за акции

MADE IN MACEDONIA: Фирма со основачки влог од 5.000 евра плати 300.000 евра за акции
„Скамбио“ ДООЕЛ е регистрирана во јули 2010 година, а сопственик и управител е Македонка Ристова од Велес Велешката фирма „Скамбио“ која плати 300.000 евра за 12 отсто од акциите во „Благој Ѓорев“ е регистрирана во јули 2010 година со основачки влог од 5.000 евра, но без уплата/внесување на влог согласно со член 175 од Законот за трговски друштва, покажуваат официјалните податоци за оваа фирма. Сопственик и управител на фирмата е Македонка Ристова од Велес, која воедно е и управител на „Скамбио“ ДООЕЛ. Овој правен субјект е регистриран како мал, а приоритетна дејност според регистрацијата е „неспецијализирана трговија на големо со храна, пијалоци и тутун“. Пребарувањето преку интернет сервисот „Гугл“ и преку македонскиот сервис за компании „Златна книга“ не дава резултати за велешката фирма „Скамбио“. На 3 ноември, како што објави Фактор, оваа фирма на берзата во три трансакции по единечна и единствена цена од 368 денари за акција купи 49.651 акција со право на глас во велешката прехранбена индсутрија „Благој Ѓорев“. За акциите плати 18,27 милиони денари (296.616 евра). Од вчера во Централниот депозитар за хартии од вредност, во единствената официјална евиденција за хартии од вредност во Република Македонија, „Скамбио“ од Велес е впишана како акционер во „Благој Ѓорев“ што поседува 12,1 отсто од акциите со право на глас. Продавач на акциите е радовишката компанија „Јака 80“ поранешен фармацевтски гигант во рамки на Република Македонија. Како што веќе пишувавме, најголем поединечен акционер во „Благој Ѓорев“ е велешката фирма „Агро-Ели“ која поседува 16,55 отсто од капиталот. Втор по големина поединечен акционер е извршниот директор Горанчо Лазов, со 16,4 отсто од капиталот. По „Скамбио“ четврти по големина акционер е велешката фирма „Малина“ со 9 отсто од акциите со право на глас. Според евиденцијата на ЦДХВ стерилизарни на одреден временски период се 24,86 отсто од акциите со право на глас кои „Благој Ѓорев“ ги чува во сопствен откуп и за чие кувување, со одобрение на мнозинство акционери, биле платени пари на компанијата. Според официјалните податоци објавени на Македонската берза за хартии од вредност „Благој Ѓорев“ лани имал приход од 11 милиони евра, остварил нето добивка по акција од 26 денари, а книговодствената вредност на таа акција изнесува 1.247 денари. Компанијата не делела дивиденда на своите акционери. Во Управниот одбор на компанијата членуваат покрај извршниот директор Лазов уште и Никола и Слободан Варадинови, Дилба Јорданова, Васил Миовски и Гордана Лазова. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести