Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАЧНИ ДЕТАЛИ ОД 7-ЧАСОВНОТО БРУТАЛНО СИЛУВАЊЕ НА 11-ГОДИШНОТО ДЕВОЈЧЕ: Објавена и фотографија на 26 годишниот монструм

МАЧНИ ДЕТАЛИ ОД 7-ЧАСОВНОТО БРУТАЛНО СИЛУВАЊЕ НА 11-ГОДИШНОТО ДЕВОЈЧЕ: Објавена и фотографија на 26 годишниот монструм

Во вторникот е уапсен и петтиот осмничен за силување на 11-годишното девојче во Приштина, а тројца од нив се малолетни. Не само косовската, туку целата балканска јавност е згрозена од монструозното злосторство во кое жртва е дете, кое беше групно силувано седум часа од петмина. Се протестираше и во Скопје и во Приштина, а во медиумите веќе има детали за страшниот настан.

Организаторите на протестот порачаа дека денеска протестираат против насилството што се случува, и порачаа до институциите да преземат мерки со цел спречување на слични дела во иднина. Тие велат дека „секој од нас е потенцијална жртва и токму затоа треба преку солидарност, едукација и поддршка сите да се едуцираат и информираат“.

Екрем Р.(26) и неговиот брат Г.Р се уапсени под сомнение дека седум часа силувале девојче (11) во Приштина. (16) , а претходно се приведени и Г.Ј.,  Џ.С, како и Ш.К. На Инстаграм страната „feminsm.ks“ детално е опишан хоророт што го доживеало несреќното дете.

Злосторството започнал во паркот кога најстариот од силувачите му пришол на девојчето. „Единаесетгодишно девојче било во парк во Приштина кога Е.Р.(26) и пришол и рекол: „Душо, ми се допаѓаш“, набргу потоа ја допрел по стомакот и грбот. Ја ставил во непријатна ситуација, но не можело да реагира бидејќи насилникот и ја ставил раката преку уста за да молчи“, наведуваат на страницата на Инстаграм и додаваат: „Таму бил и неговиот помал брат. Го соблекле девојчето, а прв Е.Р. ја силувал, бруталното силување го продолжил неговиот помлад брат Г.Р. Но, и тоа не им било доволно, па набрзо им се придружиле и тројца пријатели и ја силувале еден по еден“, наведуваат на споменатата страница на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by @feminism.ks

Ден претходно албанските медиуми објавија друга верзија за случајот, повикувајќи се на неофицијални информации од полициски извори. „Силувањето на девојчето го започнале тројца малолетници во парк во населба во Приштина, а потоа еден од нив го повикал неговиот брат Екрем Р. (26). Тој е осомничен дека со својот пикап отишол таму. Тие тргнале од тоа место на друга локација каде што по кратко време Екрем Р. наводно го запрел автомобилот и го силувал малолетно девојче.

Случајот во полиција го пријавила мајката на несреќното девојче. „Мајката изјавила дека девојчето излегло од куќата во саботата попладне и ја нашла дури по полноќ во лоша емотивна состојба, по што детето и признало што и се случило“, објавија претходно албанските медиуми.

Полицијата успеа да идентификува и уапси петмина осомничени млади момчиња, а соопшти дека се уште го истражува случајот со сексуална злоупотреба во Приштина. Екрем Р.(26) има криминално минато и против него има вкупно девет пријави, меѓу кои кражба и семејно насилство.


Слично

Поврзани вести