Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАЧКИТЕ НА ВАНХАУТЕ: Уште многу скали до исполнување на условите за избори во април?

МАЧКИТЕ НА ВАНХАУТЕ: Уште многу скали до исполнување на условите за избори во април?

Во пресрет на објавувањето на проценката за изборите Ванхауте твита на социјалната мрежа.

Преку симболичните мачки на Твитер, олеснувачот порачува дека има уште многу скали да се поминат за да се исполнат условите за одржување на предвремени парламентарни избори во април.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/peter_vanhoutte/status/700632599861940224[/embed]

Тој претходно утрово порача дека нема демократија без компромис и компетентни политичари.

Во пораката која ја напиша Ванхауте стои : „Демократијата бара компромис – бара разумни луѓе – бара здрав разум – бара компетентни политичари – бара да се биде во служба на народот!“

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/peter_vanhoutte/status/700590113382793217[/embed]

Во текот на денешниот ден требаше да биде соопштена проценката која ќе пресуди дали ќе има одржување на изборите, меѓутоа најновите податоци велат дека е можно проценката да биде кажана и утре.

Уште нема договор за медиумите како дел од договорот од Пржино

Засега регулацијата на медиумите и владиното рекламирање на истите ги кочи преговорите на работните групи, а првите сигнали се дека изборите се условени со имплементацијата на договорот од Прижино при што имајќи ја предвид моменталната ситуација, партиите сѐуште се без договор за регулацијата на медиумите.

Засега составот на Советот на Агенцијата за медиуми и владиното рекламирање се точките за кои партиите и нивните лидери не можат да се договорат.

И додека опозицијата ја обвинува власта за пропаѓање на преговорите поради како што велат, не сакањето на власта да се откаже од владини реклами, од партијата на власт велат дека слободата на медиумите била секогаш приоритет за кој се залагале.

Невладините организации пак веќе испратија едногласна порака со која порачуваат дека избори на 24 април не може и не треба да има.

“Баравме целосно професионализирање и департизација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и професионализирање и ослободување од партиските стеги на јавниот сервис МРТВ. Единствената препорака која во овој момент може да се испорача до меѓународната заедница, до Вашингтон и Брисел, е да дадат зелено светло за вистински услови за слободни избори и да не се придржуваат до формата, туку до содржината“, велат од невладината организација “Цивил“.

Со ист став се и од Мост.

“Ако ме прашувате директно дали се исполнети условите за на 24 април да има избори, јас ќе ви кажам не. Задачата на нашите партнери и набљудувачи е да ги следат условите и околностите во кои што се подготвува целокупниот изборен процес. Иако на 20 јануари јавно констатиравме 50-дневно задоцнување со почетокот на прочистувањето на Избирачкиот список, денес, 27 дена подоцна, може да констатираме 77-дневно задоцнување на прочистувањето на Избирачкиот список. Апелираме до сите политички партии во РМ, да ја согледаат сериозноста на оваа состојба и објективно да направат процена дали навистина овие 77 дена се поминати или не и што е сработено во тој период“, рече Дарко Алексов од невладината “Мост“.

Слично

Поврзани вести