Економија, финансии, бизнис

Контакт

Малиќи групацијата отвора фабрика во Македонија

Малиќи групацијата отвора фабрика во Македонија

Малиќи групацијата објави дека нивна најнова инвестиција е отворање на фабрика за производите на брендот „Magic MG“.

Станува збор за производство и преработка на сите видови јаткасти плодови, семиња, сушени овоштија, зачини, зрнести и житни плодови.

„Со оваа инвестиција Малиќи групацијата, во своето семејство на бизниси, внесува уште една индустрија, производствено-преработувачка, во која гледаме огромен потенцијал не само во Македонија, Косово туку и во регионот“, објави групацијата на социјалните мрежи.


Слично

Поврзани вести