Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лутиот шеик одлучи: Нема веќе „Земај плата, клати врата“ во Дубаи

Лутиот шеик одлучи: Нема веќе „Земај плата, клати врата“ во Дубаи
„Земај плата, клати врата“ се користи како фигуративна изрека за мрзлива државна администрација но, таа повеќе нема да важи и во буквална смисла за вработените во јавните служби во Дубаи кои го налутија шеикот Мухамед Бин Рашид ал Мактоум. Тој направи ненајавенa инспекција на канцелариите и откри дека речиси никој не е на работа, по што одлучи во јавните служби да нема врати за поголема контрола и преглед на административците. Во саботата беше објавена уште една видео снимка на која се гледа како шеикот објаснува дека е важно дека меѓу менаџерот и вработените не смее да има никакви бариери, за потоа да нареди да се тргнат вратите од канцелариите на раководителите, па дури и оние кои се од стакло, пренесуваат тамошните медиуми.
Слично

Поврзани вести