Лустрирана новинарката Јадранка Костова
Комисијата за веривикација на факти денеска ја објави одлуката за лустрирање на главната и одговорна уредничка на неделникот „Фокус“ Јадранка Костова, поранешна новинарка во МРТВ.
Имено образложението на првиот човек на Комисијата за верификација на фактите Томе Аџиев е дека лустрираната соработувала со службата за државна безбедност во периодот од 1993 до 1996 и давала информации за лица со кои соработувал под изговор дека ќе се прават интервјуа.
Аџиев, притоа појаснува дека тие цело време ги истражуваат овие лица до оној момент додека не најдат документ за соработка, без разлика дали бил директор, министер, новинар во тој сервис.
Додека траеше седницата на пред вратите комисијата со транспаренти во рацете новинарите протестираа револтирани поради најавите дека низ лустрацискиот филтер ќе поминат и други новинари кои критички пишуваат за работата на актуелната власт.
По ова прашање новинарката Костова вели: „Она што го сметав тогаш за неуспешен обид за полициска местенка, еве, денес, успешно го користат за мое оцрнување. Настанот за кој што знаеше цела информативна програма, нашата транспарентна битка да не ни се подметнуваат етикети, сега добила демек конспиративност, како некакво мое кодошење.“
На официјалната страна на комисијата за верификација на фактите стои решението кое може да го погледнете на овој линк.
