Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лустрациска: Спасов бил соработник на СДБ

Лустрациска: Спасов бил соработник на СДБ
Поранешниот министер за правда е поранешен македонски амбасадор во Софија, Ѓорѓи Спасов, бил соработник на службата за државна безбедност. Ваквата информација стои во неговото решението за соработка со тајните служби кое вчера излезе на сајтот на Лустрациска откако Комисијата за верификација на фактите во понеделникот официјално го лустрираше. Во документите на Комисијата, се вели дека Спасов ја известувал СДБ за неколкумина македонски граѓани и дека неговото име фигурира во три лични досиеја од кои лустраторите заклучиле дека ексамбасадорот соработнувал со поранешната Служба за државна безбедност. Лустраторите денеска објавија дека е лустриран и поранешниот шеф на битолската испостава на СДБ, Ице Дамчевски, кој според нив собирал и издавал наредби за следење на лица кои биле од интерес на службата.
Слично

Поврзани вести