Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лустрацијата се укинува, но последиците продолжуваат да важат

Лустрацијата се укинува, но последиците продолжуваат да важат

Лустрацијата се укинува од 1 септември, но последиците ќе продолжат да важат. Па така со законот за прекинување, лустрираните нема да смеат да извршуваат јавна функција во наредните 5 години, откатко добиле правосилно решение.

Поранешниот член на Комисијата, Чедо Дамјановски во изјава за 24 Вести ја оспори оваа одредба бидејќи со членовите 28 и 29 од Законот за лустрација, јасно било предвидено последиците од него да важат само додека се применува законот.

Лустрацијата се укинува, откако тоа го побара Европската комисија во Извештајот од јуни годинава, како дел од итните реформи што Македонија мораше да ги спроведи во делот на влаедеењето на правото и основните човекови права.

Таа почна во 2008 година, а до сега како соработници на тајните служби или наредбодатели беа лустрирани над 300 луѓе, а проверени беа над 30 илјади.

Слично

Поврзани вести