Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лустрацијата наскоро ќе замине во историјата

Лустрацијата наскоро ќе замине во историјата

Законот за лустрација наскоро ќе престане да функционира.

Имено власта и опозицијата решија да го укинат поднесувајќи до Собранието предлог закон за престанување на важење на Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност.

Доколку овој предлог закон добие зелено светло ќе престане да важи на 1 септември годинава, а дотогаш решенијата што ќе бидат донесени ќе прдолжат да се применуваат врз основа на одредби од Законот се дури не завршат.

– Од 1 септември 2015 година, Комисијата за верификација на  фактите нема  мандат за покренување нови постапки согласно Законот за определување услов за ограничување за вршење јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност.  Се запираат сите започнати постапки за кои до 1 септември 2015 година не се донесени решенија од Комисијата за верификација на  фактите, стои во членот 2 од Предлог на законот.

Според Талат Џафери овој предлог доаѓа после препораките од извештајот на Прибе во кој се бараше укинување на овој процес бидејќи бил доста исполитизиран и истиот создавал многу конфузија па затоа бил потпишан од страна на ВМРО и ДУИ.

Документацијата од комисијата ќе биде предадена на Државниот архив а вработените ќе преминат во Министерството за информатичко општество и администрација.

Меѓу досега лустрираните лица од Комисијата за верификација на факти има професори, новинари, политички функционери, јавни личности.

Слично

Поврзани вести