Љупчо Николовски: Личност на годината е Зоран Заев
Фактор ги праша познатите: „Кој настан и која личност ја обележаа 2005 година“ и зошто токму тие.
Љупчо Николовски–дополнителен заменик министер за земјоделие вели дека според него личност на годината е опозицискиот лидер Зоран Заев. Еве како тој ја резимираше годината која е зад нас.
Лидерот на опозицијата, Зоран Заев и проектот Вистината за Македонија. Затоа што Зоран Заев ќе биде запишан во историјата на овој народ како храбар и решителен човек што одработи за Македонија, за сегашните и идни генерации, за враќањето на слободата, правдата, вистинските вредности и стандарди, конечното ослободување на граѓаните и системот од власта и фамилијата која десет годни ја узурпираше државата и институциите, го стави во заложништво целиот приватен сектор, економијата, креативниот потенцијал, го уништи животот и иднината на десетици генерации млади луѓе и го закопа правото на слобода и избор на сите граѓани. Во 2015 граѓаните ја дознаа вистината за тоа како се уништуваа човечки судбини, како се местеа избори, како се рушеа успешни компании, како во министерствата биле сместени партиски штабови и кол центри, како власта купува луксус, парцели на Водно, мерцедеси, како безмилосно се задолжуваат идните генерации, како себе си се нарекуваат лудаци и забегани, како се пазарат за името, како се договараат милионски провизи, како се избираат судии, како се договараат судски пресуди итн. Зоран Заев е личност на годината затоа што како иден премиер ќе стави крај на овие злодела.
Во 2016 година очекувам граѓаните да бидат ослободени пд секаков притисок од било кого, закана од било кого, уцена од било кого и да излезат на слободни и фер избори на кој оваа злосторничка власт ќе замине и ќе се врати нормалниот живот на секој еден граѓанин. Во 2016 години очекувам нова Влада која ќе го обедини целиот потрнцијал во општеството, вклучувајќи ги сите млади мозоци, кои ќе работат на имплементација на реформи на целиот општествен и државен систем, враќање на вистинските вредности, поставување на високи стандарди и брзо решавање на клучните системски проблеми на државата и граѓаните. Влада што ќе постави јасни цели и концепт, ќе воведе нова енергија, целосно ќе го реформира судството и полицијата, ќе се посвети без никакви калкулации и ќе ги примени најдобрите практики за реформи во образованието и здравството, вистински ќе го потикне развојот, претприемништвото и инвестициите. Во 2016 граѓаните ќе започнат нов живот.
