Економија, финансии, бизнис

Контакт

Љупчо Бубо Каров: МРТВ е заробена во уредувачката политика на „белата куќа“

Љупчо Бубо Каров: МРТВ е заробена во уредувачката политика на „белата куќа“
Слободата и објективноста на новинарската мисла е заробена во уредувачката политика диригирана од „белата куќа", вели за Фактор, Бубо Каров од К-15, одговарајќи на прашањето колку е блиску или далеку МРТВ од вистински јавен сервис. Фактор: На што ви личи денеска јавниот сервис, МРТВ? Каров: Ми личи на стар бумеранг, наследен од некои други времиња, кој стои закачен на зидот со другите "трофеи" на актуелните господари . Никој не знае кој и зошто го има таму ставено ,како што не се знае дали е функционален и дали воопшто би се вратил доколку биде фрлен , па затоа никој и не се труди да го помрдне. Фактор: Колку е блиску или далеку МРТВ од вистински јавен сервис? Каров: Блиску, затоа што таму најголемиот број од новинарскиот и другиот креативен кадар се професионалци кои многу добро си ја знаат работата,а воедно далеку, бидејки слободата и објективноста на новинарската мисла е заробена во уредувачката политика диригирана од „белата куќа". Фактор: Ќе успее ли Македонија да го деполитизира јавниот сервис и како е возможно тоа да се направи во вакви услови? Каров: Тоа ќе се случи само доколку дојде до смена на власта или доколку партијата на власт се демократизира, што е помалку веројатно.
Слично

Поврзани вести