Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЛУКСУЗНОТО АУДИ НА ПЛЕНКОВИЌ КУПЕНО ВО ТАЈНОСТ ВРЕДИ МИЛИОНИ“: Што друго открива истражувањето на Индекс

„ЛУКСУЗНОТО АУДИ НА ПЛЕНКОВИЌ КУПЕНО ВО ТАЈНОСТ ВРЕДИ МИЛИОНИ“: Што друго открива истражувањето на Индекс

Од август минатата година, владиниот возен парк е проширен со две нови Audi, имено A8 L50 TDI quattro, чија основна цена без безбедносни подобрувања е приближно 2 милиони куни, односно повеќе од 265.000 евра. И двете се купени за владини потреби, а едното го користи Андреј Пленковиќ. За ниту еден од двата автомобили не беше објавен јавен тендер, но безбедносните служби, поточно Безбедносната разузнавачка агенција (SOA), одлучија, а владата прифати, дека само тоа Audi A8 му одговара на премиерот Пленковиќ и на никој друг, открива истражувањето на Index.hr

-Ова е преседан со оглед на тоа што досега автомобилите за владата и парламентот се набавуваа на јавен тендер, кој би го распишувал или МВР или Централната управа за јавни набавки. Исто така, јавниот тендер беше и за два блиндирани мерцедеси кои граѓаните а Хрватска ги чинат 13 милиони куни или 1 милион и 700.000 евра. Од SOA ни рекоа дека немало тендер за Аудиите на Пленковиќ бидејќи не распишуваат тендери во SOA. Не ги откриваат цените на купените автомобили, ниту причините зошто се работи за Ауди, ниту пак карактеристиките на купените автомобили. Накратко, сè е тајна. Владиниот портпарол Марко Милиќ и самата влада сакаат се да остане тајна и да не се пишува за владините автомобили. Ни ги отфрлија одговорите на нашите новинарски истражувања, пишува Индекс.хр.

Освен тоа, како што наведува медиумот, хрватската Влада уште во 2018 година купила два блиндирани мерцедеси С класа, кои чинат дури 13 милиони куни, а МУП ги набави на јавен тендер. Во спецификацијата било наведено дека автомобилот мора да биде опремен со држачи за митралези, сензори за солзавец, специјални гуми и бандажи кои овозможуваат движење без притисок и мора да има 460 коњски сили.

ФОТО: Индекс.хр

Слично

Поврзани вести