Луксузни куќи во 2017 е најдобро да се купуваат во Црна Гора
Директорот на „Luxury Property Show“ Eddie Sikorа ја ставил Црна Гора на врвот на листата топ 5 земји на светот кога се работи за купување на луксузни куќи и имоти во 2017 година.
На второ место на листата се најде Шпанија, трета е Италија, четврта Португалија, а петтото место и припадна на Франција, пишува британскиот портал „The Resident“.
„Luxury Property Show“ е настан кој ги прикажува најновите и најголеми светски луксузни недвижнини за продажба. На изложбите посетителите може да ги откријат најновите куќи на водечки светски агенти кои се занимаваат со продажба на луксузни недвижнини.
Како образложение зошто Црна Гора се најде прва на местото на листата, Sikorа наведува дека се работи за една од најубавите земји кои ги посетил, така да не треба да не чуди што има најбрзо растечка индустрија на светот според податоците на Светскиот совет за туризам и патувања.
„Новите директни летови од Велика Британија во Црна Гора, исто така прават оваа мала Јадранска земја да биде подостапна за Британците кои бараат втор дом на сонце. Високи планини, воодушевувачки брегови и венецијански архитектонски стил ја ставија Црна Гора на врвот на мојата листа“.
Новите директни летови до Тиват ќе го намалат времето на патување на само 2,5 часа од Лондон, додека патниците исто така ќе може преку аеродромот во Дубровник да стигнат за само 45 минути возење до главните летувалишта на бреговите.
