Економија, финансии, бизнис

Контакт

Луксузен хотел, плата 2600 евра, а работник нема

Луксузен хотел, плата 2600 евра, а работник нема

Првиот човек на хрватска Јадранка, која управува со луксузни хотели, вели дека не му е проблем кога го напушти директор на хотелот, но проблем е ако си замине шефот на кујната.

Сањин Шолиќ, како што наведува во интервју за хрватскиот Јутарњи лист, прилично главоболки му се задаваат кога треба да најде добар шеф на кујната, иако платите им достигнуваат и 20 000 куни (2600 евра).

„Да тоа е неверојатно. Искрено, мене во многу сегменти ми се важни шефовите на кујната од директорот на хотелот. Добриот директор е полесно да го најдете отколку добриот готвач. Ако ме напушти директорот, јас се снајдам, но ако ми отиде шефот на кујната, е тоа ми е проблем“, наведува тој.

На прашањето колкава е нивната заработка, Шолиќ наведува дека тоа се зависи од работното место и квалификации.

„Просечната основа плата за вообичаено работно време 800 евра, но туку се и прекувремени часови, зголемувања за викенди и празници...Кога се во прашање куварите, платите се различни, па така има кувар кој на пазарот работи за 5000 куни, но има и такви кои може да добијат и до 20 000 куни. Со десет илјади куни основна плата денес секако може да се добие добар шеф на кујна“,наведува тој.

Слично

Поврзани вести