Економија, финансии, бизнис

Контакт

Луксуз и безбедност се карактеристиките на новиот VOLVO XC90

Луксуз и безбедност се карактеристиките на новиот VOLVO XC90

Со својата грандиозна појава и елегантен поглед, во Македонија пристигна новиот Volvo XC 90.

.Најважната карактеристика – безбедноста, на која во последно време многу често заборавамепри изборот на нашиот семеен автомобил, кај новиот Volvo XC90 е доведена до самиот врв наавтомобилската индустрија. Со комплетно новиот модел, направен е значителен чекорпоблиску до визијата на Шведската компанија дека во сообраќајните незгоди во кои еден одучесниците е сопственик на Volvo, нема да има ниту загинати, ниту тешко повредени лица.

Така наречениот IntelliSafe систем комплетно ја редефинира безбедноста во сообраќајот,грижејќи се притоа и за патниците на Volvo, и за пешаците за кои постојат специјалнонамeнски поставени воздушни перничиња, но и за другите учесници во евентуалната незгода.

Помошните функции на овој систем ги спречуваат, односно превенираат сообраќајнитенесреќи, но овозможуваат и максимална безбедност и заштита во случај незгодата сепак да сеслучи. Благодарение на овој систем, XC90 поседува способност за одржување соодветнорастојание од автомобилот пред него, камера со агол од 360⁰ која дава преглед наавтомобилот од сите негови страни за да се забележат евентуалните соседни препреки,предупредување за т.н. „мртов агол“ при гледањето во ретровизор и уште многу другипредупредувачки функции кои Ви го олеснуваат возењето со крајна цел што поголема заштитаи безбедност за сите учесници во сообраќајот.

Овој автомобил ги антиципира објектите како пешак, велосипед, животно, возило секогаш когатие можат да излетаат на патот и да претставуваат опасност за безбедноста, на тој начин штоврши автоматско стопирање пред објектот. Исто така, за да ги задржи патниците во безбеднаположба при кочењето, врши автоматско затегнување на безбедносните појаси на преднитеседишта.

Спектакуларниот изглед на новиот XC90 и потполно новиот дизајнерски израз пленат веднаш штом му се доближите – во неговата внатрешност има комбинација на материјали како мекакожа и дрво со рачно изработени детали, вклучувајќи го и менувачот направен од кристалностакло на познатиот Orrefors шведски производител. Уште еден префинет детаљ ја краси внатрешноста во која сите копчиња се заменети со еден голем touch screen таблет. Тој користи Apple CarPlay систем, чиишто функции, карактеристики иапликации, веќе им се познати на корисниците на паметните мобилни телефони.

Комплетно новиот Volvo XC90 го прават исклучителен и сестран уште неколку иновативнидетали. Тука се престижниот и супериорен кожен клуч, можноста за контрола на автомобилотпреку сопствениот мобилен телефон, ергономските предни седишта со вентилација и функцииза масажа, LED светлата за дневно возење, модернизираната интерпретација на леснопрепознатливите Volvo светла кои ја красат задната страна, системот за проверка наквалитетот на внатрешниот воздух, филтерот со активен јаглен кој ги штити патниците одштетните гасови и непријатни миризби, различните начини на возење кои ги задоволуваатиндивидуланите стилови и го прават прилагодлив на различните временски услови и прилики:Comfort, Eco, Dynamic, Off-road и Individual.

Новиот СУВ доаѓа во комбинација со пет или седум седишта и со дволитарски дизел мотор соснага од 225 коњски сили. И останатите мотори во понудата имаат исклучиво четири цилиндрии два литра обем. Постои и бензиски мотор со 320 КС, како и хибриден кој има 400КС.

Слично

Поврзани вести