Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛУКСЕМБУРГ СО ЈАСЕН ПОВИК: Балканска земја да влезе во ЕУ во 2026 година

ЛУКСЕМБУРГ СО ЈАСЕН ПОВИК: Балканска земја да влезе во ЕУ во 2026 година

Премиерот на Луксембург, Лук Фриден, изјави во Европскиот парламент дека е потребен пократок и појасен временски рок за земјите кои сакаат да се приклучат кон Европската Унија и дека одлуката за пристапувањето на Црна Гора треба да се донесе следната година.

Проширувањето е прашање од стратешки интерес, кажа Фриден во обраќањето пред европратениците во Стразбур вчера, предупредувајќи дека држењето на земјите кандидати „во вечна чекалница“ ризикува да ги оддалечи од Европа.

„Во оваа смисла, треба да поставиме појасни и поблиски рокови, рече премиерот на Луксембург“, објави ЕП.

Фриден додаде дека е време да се финализираат преговорите и да се одлучи за пристапувањето на Црна Гора следната година.

Порталот „Луксембург тајмс“ пишува дека неговата изјава е изненадувачка, наведувајќи дека никој толку јасно не повикал на прием на мала балканска земја во 2026 година.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести