Луксембург и Холандија заработуваат се повеќе во стил на „даночен рај“
Мултинационални компании имаат инвестирано во 2015 година 221 милијарди долари во земји со ниски даноци, претежно во Луксембург и Холандија. Други 72 милијарди долари се пренасочени кон места со репутација на „даночен рај“.
Меѓу нив се и Британските Девствени Острови и Кајманските Острови. Овие податоци излегуваат од извештајот на Конференцијата на ОН за трговија и развој (UNCTAD).
Во првите 9 месеци од минатата година странските компании имаат направено значителни инвестиции во Луксембург и Холандија, според истражувањето. Но во последниот квартал на годината милијарди долари се повлечени од истите земји, бидејќи тие усвоија нови правила на ЕУ, насочени кон борба против даночното затајување.
Во периодот 2010-2014 година 65% од светските извори на готовински текови за Британските Девствени Острови и на Кајманските острови биле во Хонг Конг (Кина), всушност од Кина, Русија и Бразил.
Како што се наведува во извештајот, тоа што големи компании префрлаат средства од една земја во друга, за да „избегаат од даноци“ е „особено загрижувачки“. Владите треба да се справат со „значителни даночни загуби“.
Во извештајот исто така се наведува дека 26 индустријализирани земји, добиле во 2014 година на Бермудските Острови, прекуморската територија на Обединетото Кралство, поголем профит (43,7 милијарди долари) отколку во Кина (26,4 милијарди долари).
Со цел борба со бегството од плаќање даноци структурата на ОН повика за зајакнување на координацијата меѓу земјите во областа на оданочувањето и инвестициите. Конференцијата потсетува на резонанца откритија во врска со објавувањето на т.н. „панамски документи“ по протечените податоци од панамската компанија „Мосак Фонсека“ за оф-шор сметки и богатства, од кои повеќето ги заобиколувале законите на земјите од кои доаѓаат.
