ЛУКСЕМБУРГ Е ЛИДЕР: Во кои други европски земји најмногу се зголемија платите?
Просечната годишна плата во Европската Унија(ЕУ) во 2024 година се зголемила за 5,2 отсто.
Според најновите податоци кои ги објави Европската статистичка агенција (Евростат), просечната годишна исплата за работниците со полно работно време во Европската Унија лани достигна 39.800 евра.
Меѓу државите членки на ЕУ, највисока просечна годишна прилагодена плата за полно работно време е регистрирана во Луксембург во износ од 83.000 евра, а зад неа следуваат Данска со 71.600 и Ирска со 61.100 евра.
Зад нив се Белгија, Австрија, Германија, Финска.

Најниски годишни просечни плати лани имале вработените во Бугарија и тоа од 15.400 евра, а пред Грција со 18.000 и Унгарија со 18.500 евра.
foto freepik.com
Слично
