„Луково Поле“ зависи од гласот на ДУИ?
Министеритe Албанци во Владата на Македонија ќе ја блокираат изградбата на ХЕЦ „Луково Поле“, доколку се потврди дека со тоа се загрозува животната средина во подрачјето на Дебар, во интервју за албанската Топ-чанел изјавил министерот за животна средина Абдулаќим Адеми.
Како што пренесува порталот Порталб, Адеми рекол дека за тоа министрите од ДУИ веќе ја информирале Владата на премиерот Груевски.
„Ние го задолживме директорот за енергетика да подготви студија за влијанието врз животната средина и очекуваме резултати. Доколку анализите потврдат дека изградбата на оваа хидроцентрала ќе има влијание врз екосистемот секако дека ние нема да дозволи изградба и ќе дадеме негативно мислење. Владата е запозната со тоа“, изјавил Адеми.
Тој најавил дека ќе се одржат дебати и ќе се разменат информации со Косово, со Грција и со Албанија со цел и тие да бидат вклучени во процесот и да дадат свои забелешки.
Против зафаќањето вода од реката Радика за „Луково Поле“ во неделата се одржаа протести во Тирана и Пешкопеја. На нив било најавено одржување локален референдум за ова прашање.
Слично
