Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Лукоил“ доби забрана да добива тендери во Македонија

„Лукоил“ доби забрана да добива тендери во Македонија

Министерството за одбрана издаде негативна референца за „Лукоил Македонија“, што резултира со шестомесечна забрана за учество на тендери. 

На 20 октомври 2025 година, понудата на „Лукоил Македонија“ за дел од тендерот за набавка на масла, масти и течности за моторни возила и вооружување е избрана како најповолна,но потоа нафтената компанија добила негативна референца затоа што  не обезбедила банкарска гаранција.

Бирото за јавни набавки објави дека негативната референца стапила на сила на 17 декември и ќе трае во следните шест месеци, односно до 17 јуни 2026 година.

Причината за ваквата одлука на Министерството за одбрана е тоа што „Лукоил“ иако го потпишал договорот како најповолен понудувач за дел од јавната набавка на масла, масти и течности за моторни возила и вооружување, не обезбедил банкарска гаранција.

Во жалбата на компанијата пред Државната комисија за жалби по јавни набавки за добиената негативна референца за учество на тендери пишува дека „тоа е резултат на американските санкции кон руската компанија, што се одразило и на македонската подружница“.

Претходно, деловната домашна банка не издала банкарска гаранција на барање на Лукоил, за која е наведено дека се повикала на безбедносни и регулаторни причини.


Слично

Поврзани вести