ЛУКАШЕНКО ВЕЛИ СРБИТЕ ЕДНО ЗБОРУВАЛЕ, А ДРУГО ПРАВЕЛЕ: Тие сакаат и да имаат колач и да го изедат
Белорусија упати остра порака до Србија.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко повика на сериозно преиспитување на соработката меѓу Белорусија и Србија и работата на белоруската дипломатска мисија во оваа земја, пишува белоруската новинска агенција БелТА.
„Треба да размислиме за политиката што Србија ја води и планира да ја води во однос на Белорусија. Ако сакаат (да соработуваат со Белорусија), би требало да видиме резултати од таа соработка во трговско-економската димензија. Ако сакаат да ги поддржат европските и американските санкции против Белорусија, тоа е нивна работа. Тие сакаат и да имаат колач и да го изедат, фигуративно кажано“, рече Лукашенко.
Ја повика Србија да одлучи на која страна ќе застане.
„Ако ја заборавиле нашата добрина кон нив, можат да поддржат санкции“, додаде тој.
foto EPA
