Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лукаревска за „Фактор“: Граѓаните ќе го добијат повратот на ДДВ на крајот од годината

Лукаревска за „Фактор“: Граѓаните ќе го добијат повратот на ДДВ на крајот од годината

Сања Лукаревска, првиот човек на Управата за јавни приходи, во интервјуто за „Фактор“ вели дека владиниот проект за поврат на ДДВ кон граѓаните ќе биде ефикасен и парите ќе ги дибиваат назад на крајот од секоја година.

- Повратот на ДДВ,  е уште една реформа на којашто Управата за јавни приходи, како извршен орган е подготвена позитивно да одговори.  Веќе одреден период се подготвува електронскиот систем преку којшто ќе се овозможи прецизна пресметка и навремен поврат на парите кај граѓаните.  Оваа реформа е од исклучително значење поради повеќе аспекти. Граѓаните на крајот на годината ќе добијат дел од парите коишто ги трошеле во текот на годината, но истовремено и ќе станат партнери на Управата за јавни приходи во контролите за спроведувањето на даночна дисциплина, посебно кај тие кои сега ја избегнуваат. Убедена сум дека на овој начин ќе се зголеми и издавањето на фискални сметки. Граѓаните ќе пазарат таму кадешто ќе им издаваат фискални сметки , а пак таму кадешто нема да им биде издадена, ќе инсистираат да добијат фискална сметка за производот што го купиле - вели Лукаревска.

Во целосното интервју за „Фактор“ директорката на УЈП додава дека на крајот граѓаните ќе бидат тие кои ќе го прават најголемиот притисок фирмите да работат законски. 


Слично

Поврзани вести