Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛУКАРЕВСКА ВО ПОСЕТА НА ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК КОРИСНИК НА ЕКОНОМСКИТЕ МЕРКИ НА ВЛАДАТА

ЛУКАРЕВСКА ВО ПОСЕТА НА ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК КОРИСНИК НА ЕКОНОМСКИТЕ МЕРКИ НА ВЛАДАТА

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денес го посети  даночниот обврзник  КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ БТ ДООЕЛ Битола чија основна  дејност е производство на електрична и електронска опрема за моторни возила. Директорката истакна дека овој обврзник ја користи мерката за субвенционирање на придонеси заради зголемување на плати за  4476 вработени, а ги користел и економските мерки кои ги донесе Владата за справување со кризата предизвикана од Ковид 19,  односно финансиска поддршка за исплата на плати  за април, мај и јуни каде  државата ги помогнала со 73, 5 милиони денари и за месеците октомври, ноември и декември со поддршка од  државата во износ од 206,6 милиони денари за исплата на плати на вработените.

Соработката и поддршката што си ја даваат  државата и бизнис секторот е неминовна за заедничко надминување  на кризните состојби,но и за заедничко  споделување на успесите- истакна Лукаревска на денешната средба со раководниот тим на компанијата.Директорката на крај им посака уште поголеми успеси во нивните нови предизвици и нови проекти.

Слично

Поврзани вести