Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лукаревска тврди дека Мој ДДВ нема да се укине, туку може да се унапредува

Лукаревска тврди дека Мој ДДВ нема да се укине, туку може да се унапредува

Проектот Мој ДДВ нема да се укине, вели  директорката на Упавата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска. 

Таа вели дека Мој ДДВ е еден од поуспешните проекти. Рече дека и натаму ќе го унапредуваат овој проект. 

„Заеднички ќе ги утврдиме сите проекции дали ќе има простор за зголемување на лимитот за поврат на средствата и навремено ќе ја информираме јавноста. Досега имаме околу 350 илјади корисници на мерката Мој ДДВ и од самиот старт до сега имаме вратено повеќе од три милијарди денари назад кај корисниците на мерката, така што ги отфрлам сите шпекулации дека ќе се укине оваа мерка“, рече Лукаревска. 

Овој проект е воведен со цел да се намали сивата економија. Тој стартуваше на 1 јули 2019 година. 

Слично

Поврзани вести