Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лукаревска не се согласува дека даночната реформа се сведе на козметички промени

Лукаревска не се согласува дека даночната реформа се сведе на козметички промени

Не треба да носиме проблематични решенија, вели директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска. 

Таа вечерва во Топ тема на Телма изјави дека прогресивното оданочување ќе биде воведено, но тоа не треба да биде избрзано решение. Лукаревска рече дека кога ги направиле првите анализи, увиделе дека ефектот од таквиот модел, со две прогресии кој требаше да биде воведен, не би бил позитивен. Не се согласува со критиките во јавноста дека најавуваната даночна реформа се сведе само на козметички промени.

ВМРО-ДПМНЕ ги критикуваа мерките и рекоа дека власта се откажала од своите даночни авантури. 

Дел од експертите, особено оние со пролевичарска ориентација, критикуваат, додека бизнисот, како и очекувано, ја поздравува владината одлука.

Слично

Поврзани вести