Економија, финансии, бизнис

Контакт

Луѓето во светот ја консумираат најскапата храна досега

Луѓето во светот ја консумираат најскапата храна досега

Јадеме се поскапа храна. Оваа појава зема замав на глобално ниво. Цените на храната во светот се блиску до највисокото ниво во последните 10 години. 

Растителните масла стануваат поскапи, соопшти денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Житариците поскапеа за само 0,1 отсто минатиот месец, при што пченката поскапе за 3,8 отсто во однос на декември поради постојаната суша во Јужна Америка,. Воедно пченицата поевтини за 3,1 отсто, на што придонесоа жетвите во Австралија и Аргентина.

Цените на месото скокнаа во јануари, а цените на шеќерот се намалија за 3,1 отсто во однос на претходниот месец, делумно поради поволните производствени изгледи во главните земји извознички – Индија и Тајланд. 

Цените на растителното масло скокнале за 4,2 отсто на месечна основа во јануари и достигнале рекордни нивоа поради намалувањето на обемот на извозот и другите ограничувања на понудата, како што се недостигот на работна сила и лошите климатски услови. Најмногу скокнаа цените на обезмастеното млеко во прав и путерот.

Последниве години храната поскапува, а фактори кои доведоа до тоа се сушите и пандемијата. 

Индексот на цените на храната за цела 2021 година во просек изнесуваше 125,7 поени, што е за 28,1 отсто повеќе од претходната година, се наведува во извештајот на ФАО.


foto freepik.com

Слично

Поврзани вести