Луѓето се едни на други потребни како поддршка и како терапија: Ивана Петерс ја открива и најинтимната новогодишна желба
Ивана Петерс, попозната како Ивана Негатив е една од пејачките која има најмоќен вокал во регионот. Енергијата која ја споделува со публиката на сцена е неверојатна и доколку сте на нејзин настап не може, а да не останете имуни и да не танцувате во ритам на песните кои ги изведува.
На професионално поле е и повеќе од остварен пејач, од кој и многу музички надежи учат, додека приватно е мајка на тинејџерка, која ѝ е највредно нешто во животот и некој на кој е особено горда.
Неодамна имаше настап во во еден локал во Скопје, каде настапи на сцената заедно со познатиот рокер и член на жирито во „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид, а нејзината посета ја искористивме и екслузивно за Женски магазин откри интересни детали, како од својата кариера, така и од својот приватен живот.

Доколку сте биле обожавател на групата Тап 011, не е можно да не ја знаете Ивана, која своите почетоци, кога е кариерата во прашање ги имаше токму во таа група заедно со Гоца Тржан. Како што ни откри од тоа време носи само убави спомени.
„Тоа беше време на растење, време на откривање на себе, созревање - музичко и во било која друга смисла, и тоа ми е еден од најбезгрижните период од животот.“ – ни посочи Ивана, а потоа додаде дека групата Негатив е она што е нејзино, нешто во што најмногу се пронаоѓа:
„Негатив е нешто што е мое, мое. Тој е дел од мене и јас сум дел од Негатив. Го оформив за време на бомбардирањето и тоа има некоја тежина. Прво ги направивме моите песни, па дури потоа се вклучија момците во тоа, сега работиме заедно, а текстовите ги правам јас. Тоа е некоја лична приказна. Негатив сум јас, мојот бенд е секогаш тука со нас.“ Целото интервју со Ивана прочитајте го на Женски магазин.
