Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛУЃЕТО МАСОВНО БЕГААТ ОД ПЕТРИЊА: Од училиштата се испишале најмалку 100 ученици

ЛУЃЕТО МАСОВНО БЕГААТ ОД ПЕТРИЊА: Од училиштата се испишале најмалку 100 ученици

Од три училишта во Петриња се испишани најмалку 105 ученици по силните земјотреси кои го погодија овој хрватски град. 

Ова се случило од земјотресот во декември до денеска, објави хрватскиот весник Јутарњи лист. Исто така, одливот на најмалку 150 ученици од училиштата во Сисачко-мославачката жупанија значи дека толку семејства во изминатите месеци се преселиле. 

Весникот наведува дека најголем одлив е регистриран во Петриња, речиси 10 отсто од вкупниот број на ученици.

„Секоја недела барем еден ученик заминува. Семејствата се селат во Загреб, во Велика Горица, а дел се преселија во Австрија, во Германија или Босна и Херцеговина. Секако, сите кажуваат дека сакаат да се вратат, но тоа се луѓе кои немаат каде да се вратат“, изјави директорот на Првото основно училиште во Петриња, Роберт Гроз.

И во новата година имаше земјотреси во близина на Петриња. 

Слично

Поврзани вести