Економија, финансии, бизнис

Контакт

Луѓето израснати во комунизам повеќе склони кон измами од оние во капитализам?

Луѓето израснати во комунизам повеќе склони кон измами од оние во капитализам?
Дали економскиот и политичкиот систем влијаат на однесувањето на луѓето? - ова е прашање на кое во последните години се обидуваат да одговорат многу научници, меѓу кои и познатиот психолог и економист Ден Ериели од Универзитетот Дјук. Тој заедно со неговите соработници објавил студија која укажува дека луѓето израснати во услови на ригиден комунизам, каков што владеел во Источна Германија на пример, се повеќе склони кон нечесно однесување од оние што растеле во социјален капитализам како во Западна Германија. Во студијата на Ериели биле вклучени 250 случајно избрани жители на Берлин кои учествувале во ига во која можеле да заработат до шест евра. Играта била едноставна. Секој учесник требало да фрли пар коцки 40 пати и да го запише резултатот на секое фрлање на лист хартија. Поголем вкупен резултат значел поголема добивка. По завршувањето на играта, учесниците пополнувале дополнителен прашалник каде одговарале на прашања за тоа каде се родени, каде пораснале, каде живееле во 80-тите, а каде во 90-тите години. Кога Ериели и соработниците пдоцна ги анализирале резултатите дошле до заклучок дека лицата со корени од Источна Германија мамеле два пати повеќе отколку оние кои растеле во Западна Германија, во пазарен капитализам но со силна политика на социјално осигурување. Уште повеќе, колку подолго време поминале на источната страна од Берлинскиот ѕид, толку поголема била веројатноста учесниците да изберат поголеми бројки во играта. Но, експертите предупредуваат на претпазливост кога се извлекуваат заклучоци, бидејќи и други фактори можеле да влијаат на однесувањето, настрана од политичкиот и економскиот систем. Освен ова, се предлага во истражувањето да се вклучат и учесници од други земји од Источна Европа, кои имале искуство со еден поинаков социјализам. Сепак, резултатите на студијата на Ериели во голема мера се спротивни на оние до кои минатата година дојдоа д-р Армин Фалк од Универзитетот во Бон и д-р Нора Шех од Универзитетот Бамберг, кои утврдиле дека токму пазарната економија доведува до ерозија на моралот кај луѓето.  
Слично

Поврзани вести