Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛУЃЕТО ГО ПАМЕТАТ КАКО ШОЈИЌ: Почина познатиот актер Милан Лане Гутовиќ

ЛУЃЕТО ГО ПАМЕТАТ КАКО ШОЈИЌ: Почина познатиот актер Милан Лане Гутовиќ

Почина познатиот српски актер Милан Лане Гутовиќ. 

Српските медиуми oбјавија дека тој починал на 76 годишна возраст, по долго и тешко боледување. Тој минатата недела е примен во Клиничкиот центар во Белград поради респираторни проблеми, а состојбата во последните два дена му се влошила и бил приклучен на респиратор.  Во дел од медиумите се вели дека актерот имал респираторни проблеми. Сите тестови покажале дека е негативен на Ковид-19, но сепак се претпоставува дека имал компликации после претходно прележаниот вирус.

Гутовиќ е роден на 11 август 1946 година во Белград. Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија.  Играл во филмовите „Метал без дршке“, „Отворена врата“, но веројатно улогата која ја одбележа неговата кариера е ликот на Среќко Шојиќ од серијалот „Тесна кожа“.

Слично

Поврзани вести