Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛУЃЕТО БЕА СВЕСНИ ДЕКА УМИРААТ, НЕКОИ БЕА БЕЗ КОЖА НА ЛИЦАТА: Преживеана патничка во страшна несреќа во Хрватска сведочи за кобните моменти

ЛУЃЕТО БЕА СВЕСНИ ДЕКА УМИРААТ, НЕКОИ БЕА БЕЗ КОЖА НА ЛИЦАТА: Преживеана патничка во страшна несреќа во Хрватска сведочи за кобните моменти

Полскиот портал Факт разговараше со две жени кои се во болница во Загреб, а кои ја преживеаја страшната автобуска несреќа. Беата Кричовјак вели дека автобусот го управувале искусни возачи и дека немало никакви индиции дека може да се случи ваква трагедија.

„Ме шокираше што се случи. Не се сеќавам на моментот на несреќата бидејќи спиев. Траеше неколку секунди. Не се онесвестив, но бев заглавена. Видов луѓе кои не можеа да се движат. Чекав да го отворат автобусот и да ме изнесат. Не знаев што се случува околу мене бидејќи бев заглавена меѓу седиштата.Изгледаше како да чекав со часови, а помош чекав околу 13 минути“, вели таа за полскиот медиум.

„Беше страшно. Се слушаа болни извици, луѓето сигурно беа свесни дека умираат. Некои беа целосно згмечени. Страшно е да се видат луѓе без кожа на лицето. Шок. Невозможно е да се опише“. Беата со мајка си отишла во Меѓугорје. Таа вели дека знае дека ја преживеала несреќата, но ништо повеќе.

Инаку процесот на идентификација на жртвите се уште трае. „На сите лица им беа земени отпечатоци од прсти“

„Брзата помош дојде да ги спаси луѓето, а не нивниот багаж со документи. Ако некој е свесен, тогаш може да се идентификува, соопшти полската амбасада, посочувајќи дека не смеат да брзаат со информациите бидејќи може да згрешат. „Претпоставките не се доволни кога се зборува за нечиј живот или смрт. Исто е и со луѓето кои не се свесни. Не смееме да грешиме“, соопштија оттаму.

ФОТО: EPA/IVAN AGNEZOVIC

Слично

Поврзани вести