Економија, финансии, бизнис

Контакт

Луѓе загинаа при судир на чамци во Грција

Луѓе загинаа при судир на чамци во Грција

Двајца загинаа, а една жена е сериозно повредена во судир на два чамци, што се случи доцна синоќа во близина на Пелопонез, во областа Арголида, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролката на грчката крајбрежна служба, Христина Харлафати за грчката телевизија „Уан“ (One), изјави дека на едниот 10 метарски чамец имало осум до 10 лица, Англичани, додека пак во другиот, петметарски дрвен чамец се превезувале тројца Грци. 

Не се знае кои се причините за несреќата и што точно се случило, а според грчките медиуми, големиот чамец со туристите, веројатно глисер или јахта поминал преку дрвениот чамец, веројатно рибарски.

Слично

Поврзани вести