Економија, финансии, бизнис

Контакт

Луѓето не велат дека сакаат да се он-лајн, туку дека одат на Фејсбук

Луѓето не велат дека сакаат да се он-лајн, туку дека одат на Фејсбук
Денес над 1 милијарда луѓе во светот имаат профили на социјалната мрежа Фејсбук. Луѓето во развиените земји веќе  не сакаат да се сурфаат он-лајн, тие сакаат само да влезат на Фејсбук, вели Вон Смит, директор за бизнис и корпоративен развој на компанијата, за време на интернет конференција во Сан Хозе, Калифорнија. „Фејсбук е една од причините луѓето да се он-лајн. Во развиените земји луѓето не велат дека сакаат да се он-лајн, туку дека одат на Фејсбук“, потенцира Смит. Според него, бидејќи Фејсбук корисниците во развиените земји ја користат мрежата главно преку „смартфон“, компанијата е насочена последните подобрувања да ги прави во таа насока.
Слично

Поврзани вести